При нападот им паднала личната карта?!
Еден од тројцата напаѓачи се предаде на француската полиција.
Сите тројца напаѓачи се француски државјани, двајца од нив се браќата Саид и Шериф Куачи и бездомникот Хамид Мурад, за кој се верува дека се предал на полицијата.
Портпаролот на француската полиција за Guardian изјавил дека властите уапсиле тројца осомничени за вчерашниот крвав напад на редакцијата на сатиричниот неделник "Charie Hedbo" во Париз, но не се наведуваат нивните имиња.
Претходно медиумите објавија дека напаѓачите се француски државјани на 18, 32, и 34 години.
Браќата ги издала една грешка, на едниот од нив при нападот му паднала личната карта во напуштениот автомобил, јавуваат медиумите.
Слично
