ПРИ КРАЈ Е БИТКАТА ЗА БАХМУТ: Еве што би можела да изгуби Украина
Професорот Мајкл Кларк, британски воен и безбедносен аналитичар, ја опиша ситуацијата во градот Бахмут и објасни кои услови би можеле да ја принудат Украина да се повлече.
„Ние сме на крајот од битката и Украина може да го изгуби пристапот до витален пат за неколку дена“, изјави тој за Скај њуз. „Во Донбас сите се фокусирани на Бахмут бидејќи Русите за тоа се борат 10 месеци“, додаде тој.
„Всушност, двете страни се вратија во Бахмут. Русите беа на патот Е40 од Бахмут до Краматорск и не стигнаа многу далеку - и се вратија во Бахмут во уште поголем број“, вели Кларк.
„И така, тие сега се борат во центарот на градот. Клучниот проблем за Киев е што има само еден излез за Украинците - Т0504 на југозапад. Откако ќе го изгубат пристапот до таа рута, ќе мора да се повлечат. Мислам дека тоа би можело да се случи за неколку дена“, заклучува Кларк.
