При бомбардирање на затвор во Јемен убиени се 70 луѓе, додека Саудиска Арабија негира дека стои зад нападот
Најмалку 70 мртви има во бомбардирање на затвор во Јемен кое се случи ноќеска, а 138 се ранети, објавија Лекари без граници.
Во петокот среде ноќ бомбардиран е затвор во Саади, упориште на хутите во северен Јемен. Бунтовниците ја препишаа одговорноста за нападот на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Таа од 2015 година им помага на јеменските владини сили во конфликтот со бунтовниците Хути поддржани од Иран. Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во денешно соопштение негираше дека гаѓала затвор управуван од бунтовници во Јемен.
foto EPA-EFE/HOUTHI MEDIA OFFICE HANDOUT
Слично
