Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕЖИВЕАЛ НАЈМАЛКУ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ - Тајмс пишува: „Морничаво“ е колку е добро информиран тимот на Зеленски

ПРЕЖИВЕАЛ НАЈМАЛКУ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ - Тајмс пишува: „Морничаво“ е колку е добро информиран тимот на Зеленски

Украинскиот претседател Владимир Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните неколку дена, пишува британски Тајмс. 

Медиумот објави дека платеници од Вагнер групата и чеченските специјални сили биле испратени во Украина за да го елиминираат Зеленски.

Двa различни тимови беа испратени да го убијат украинскиот претседател - платеници на групата Вагнер поддржана од Кремљ и чеченските специјални сили. И двeте беа спречени од антивоени елементи во руската Федерална служба за безбедност.

Платениците на Вагнер во Киев претрпеа загуби за време на нивните обиди и се вели дека биле вознемирени од тоа колку точно Украинците ги предвиделе нивните потези. Извор близок до групата рече дека е „морничаво“ колку се чини дека е добро информиран безбедносниот тим на Зеленски.

Слично

Поврзани вести