Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преживеан од бродот на смртта раскажа: Бевме околу 950, многу беа заклучени во товарниот дел

Преживеан од бродот на смртта раскажа: Бевме околу 950, многу беа заклучени во товарниот дел

Човек кој го преживеа бродоломот во Средоземното море рекол дека на бродот со мигрантите, кој потона ноќта помеѓу саботата и неделата кај либискиот брег, имало 950 лица.

„Бевме околу 950 на бродот, вклучувајќи 40 до 50 деца и околу 200 жени“, рекол преживеаниот во канцеларијата на обвинителот во италијанскиот град Катанија, пренесува агенцијата АНСА.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/20/video-prodolzhuva-spasuvachkata-operatsija-vo-lampeduza/" target="blank" ](ВИДЕО) Продолжува спасувачката операција во Лампедуза[/button]

Агенцијата наведува дека преживеаниот е од Бангладеш Во претходните извештаи е наведено дека на бродот имало околу 700 луѓе.

Очевидци изјавиле дека голем број мигранти биле заклчени во товарниот дел на бродот.

„Криумчарите ја заклучија вратата и им го блокираа излезот кога се обидоа да излезат“, рекол преживеаниот, кој е префрлен во болница во Сицилија.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/19/video-700-imigranti-se-udavija-vo-sredozemnoto-more/" target="blank" ] (ВИДЕО) 700 имигранти се удавија во Средоземното Море[/button]

Слично

Поврзани вести