Претставничкиот дом ја одобри тужбата против Обама
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, во кој повеќето се републиканци го одобри покренувањето на тужбата против претседателот Барак Обама поради наводно прекршување на Уставот од предвидените овластувања.
Покренувањето на тужбата против шефот на држабата ја поддржаа 225 челнови, сите од редовите на Републиканската партија додека 201 беа против, со шти му се отворени вратите на претседателот на Претставничкиот дом Џон Бајнер да покрене судска постапка против Обама.
Републиканците му замеруваат на претседателот дека не се држел до зборовите на законот кога го потпишал законот за здравствени реформи, кои Обама страсно ги поддржувал, поради што е популарно наречен „Обамејкер“.
Американските медиуми ја оценуваат оваа одлука на републиканците како гест без преседан.
