Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претставничкиот дом го обвини Трамп за расизам

Претставничкиот дом го обвини Трамп за расизам

Долниот дом на Конгресот на САД го осуди „расистичкиот коментар“ на претседателот Доналд Трамп, кој претходно нападна четири демократски пратенички од  малцинството, пренесоа медиумите од регионот.

Претставничкиот дом, каде што демократите имаат мнозинство „најостро ги осудува расистичките коментари на претседателот Доналд Трамп, кој го зголемува стравот и омразата на новите Американци и припадниците на другите раси“, пишува  домот во текстот за кој што гласале во корист и четворица републикански законодавци.

Трамп за време на викндот напиша на Твитер дека четирите Конгресменки од малцинството, од кои три се родени во САД треба „ да се врателе од каде што дошле“.

По овој коментар на твитер,  следеа голем број на коментари дека претседателот Трамп е расист, па тој на коментарите одговори дека „Внатре во мене не постои траг на расизам!“ напиша американскиот претседател.
„Нападнатите конгресменки“ се запрв пат во Конгресот и сите четрири се челнови на малцинствата и прогресивното крило на демократите.

Слично

Поврзани вести