Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ТАЏИКИСТАН МУ ОДБРУСИ НА ПУТИН - престанете да ги третирате земјите на Централна Азија како се уште да се дел од СССР

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ТАЏИКИСТАН МУ ОДБРУСИ НА ПУТИН - престанете да ги третирате земјите на Централна Азија како се уште да се дел од СССР

За време на самитот Централна Азија-Русија во казахстанска Астана, таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон му рекол на Владимир Путин дека Русија треба да престане да се однесува кон земјите од Централна Азија како да се сè уште дел од Советскиот Сојуз.

Меѓу другите остри коментари, Рахмон изрази незадоволство од односот на руските власти кон Таџикистан.

- Зошто мораме да ја молиме (Русија да присуствува) на некој мизерен форум во Таџикистан? – го праша Путин.

- Дадов инструкции до Министерството за надворешни работи, дури разговарав со вас да побарате (Русите) да присуствуваат барем на министерско ниво. Не на ниво на заменици министри. Дали тоа го заслужува Таџикистан, стратешки партнер? - рече тој.

-Не сме 100 или 200 милиони. Но, ние сакаме да бидеме почитувани. Каков договор прекинавме? Дали можеби те поздравивме на погрешен начин? Секогаш сме ги почитувале интересите на нашиот главен стратешки партнер Русија – му рекол претседателот на Таџикистан на Путин.

- Сакаме да не почитуваат. Владимир Владимирович, ве молам, не правете политика каде што земјите од Централна Азија се третираат како да се дел од СССР – рекол Рахмон, пренесува порталот „Гејминг депути“.

- Секогаш најмногу го почитувавме нашиот најголем стратешки партнер (Русија). Но сакаме и почит! Па кои сме ние?! Абориџините? Ајде... - рече меѓу другото Рахмон.

Слично

Поврзани вести