Претседателот на Светската банка ги предупреди САД да ја избегнат кризата
Претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким, денеска ги предупреди САД дека им се заканува опасност поради истекување на рокот за продолжување на лимитот на нивото за задолжување и дека тоа претставува сериозен развој на состојбата.
Тој во текот на редовното годишно заседание на Советот за безбедност во Вашингтон рече дека со изминување на рокот, се зголемува опасноста за целиот свет.
- Апелирам до американските законодавци да ја избегнат кризата, рече Ким.
САД во рок од четири дена во Конгресот мора да ги изгласаат неопходните мерки, инаку ќе се случи за прв пат во историјата Америка да не може да го сервисира својот надворешен долг.
Слично
