Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на Колумбија бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападите на САД врз Венецуела

Претседателот на Колумбија бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападите на САД врз Венецуела

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро, на социјалната мрежа X напиша дека Венецуела е нападната и дека главниот град Каракас е под бомбардирање.

„Во овој момент го бомбардираат Каракас… го гаѓаат со проектили“, напиша Петро, повикувајќи на итно свикување на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Според него, мора веднаш да се одржи итна седница.

„Потребно е итно да се свика Советот за безбедност и да се утврди меѓународната законитост на агресијата врз Венецуела“, наведе колумбискиот претседател.

И Куба го осуди нападот. 

САД утрово извршија напади на Венецуела. Експлозии имаше во Каракас. 

foto Facebook/Gustavo Petro

Слично

Поврзани вести