Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на Кипар вечерва ќе се обрати до нацијата за договорот со еврогрупата

Претседателот на Кипар вечерва ќе се обрати до нацијата за договорот со еврогрупата

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис вечерва ќе има обраќање до нацијата по враќањето во Никозија. Обраќањето ќе биде преку сите телевизии во државата, јавија локални медиуми.

Во изјава по финализирање на преговорите со министрите за финансии од еврозоната, претседателот изјави дека е задоволен од постигнатиот договор.

Тој додаде дека програмата е во интерес на народот на Кипар и на Европската унија. Договорот меѓу Кипар и еврогрупата предвидува банкарските депозити под 100 илјади евра да бидат целосно гарантирани, Кипарската народна банка (Лаики банк) да биде поделена на „лоша“ и „добра“, и лошата ќе биде затворена, Банката на Кипар да биде рекапитализирана со одданочување со околу 30 отсто на депозитите над 100 илајди евра кои не се гарантирани. Никозија и Брисел се договорија ЕЦБ да продолжи да ја финансира Банката на Кипар

Слично

Поврзани вести