Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на Бразил најави реформи-се гледа ли крајот на протестите?!

Претседателот на Бразил најави реформи-се гледа ли крајот на протестите?!

Дилма Русеф, претседателот на Бразил ги претстави серијата на реформи, во обид да стави крај  на националните антивладините протести, јавува Би-Би-Си.

Во телевизиското обраќање до нацијата таа порача дека протестите се дел од силната демократија, но дека насилството нема да го толерира.

Во телевизиското обраќање, таа изјави дека ќе подготви нов план за да има корист јавниот превоз и дека сите нафтени приходи ќе се користат во образованието.

Дилма Русеф, исто така, рече дека илјадници лекари ќе бидат селектирани од странство да се подобрат националните здравствени услуги.

Претходно таа одржа итен состанок на кабинетот за да разговараат за протестите.

Во најмалку 80 бразилски градови деновиве се одржаа протести во кои учествувале окулу еден милион лица.

Бразилските медиуми претходно јавија дека едно 18-годишно момче загинало во градот Рибејрао Прето, на околу 300 километри северно од Сао Паоло, кога засега непознат маж со автомобил удрил во група демонстранти.

За време на проестите повредени се повеќе лица, меѓу кои и еден телевизиски репортер, кој бил погоден со гумен куршум во главата.

Повод за избивање на нередите беше зголемувањето на цената на билетите во јавниот сообраќај, што во меѓувреме во голем дел е повлечено.

Но, бесот на демонстрантите е насочен и против виските трошоци за организација на претстојното Светско фудбалско првенство 2014 и Олимписките летни игри 2016 година.

Многумина бразилци се незадоволни што државата вложува милионски суми во подготовката на спортските настани, но ги запоставува инвестициите во здравството и во образованието.

Слично

Поврзани вести