Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на Агенцијата за транспарентност во Романија поднесе оставка

Претседателот на Агенцијата за транспарентност во Романија поднесе оставка

Претседателот на Националната агенција за транспарентност во Романија поднесе денеска оставка, откако беше ставен во притвор од антикорупциските обвинители поради злоупотреба на службената должност, пренесе агенцијата „Медиафакс“.

Националната агенција за транспарентност во Романија ја проверува имотната состојба на државните службеници и издава решенија за конфликт на интереси и недоразбирања и злоупотребување на одредени позиции.

Претседателот на агенцијата Хориј Джорджеску беше уапсен вчера поради тоа што во 2008 година, додека работел во одборот на државна институција, кои се занимаваат со враќање на национализираната сопственост од комунистите, бесправно ја зголемил цената за реституиран имот што ја чинело државата 75 милиони евра. Джорджеску ги негира обвинувањата.

Слично

Поврзани вести