Претседателот Ердоган казнет 4.000 долари за навреда
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го навредил скулптурот Мехмет Аксој со тоа што го нарекол неговиот споменик во градот Карс „монструозен“ и побарал да го демонтираат. Турскиот суд му изрече казна од четири илјади долари за нанесената морална штета.
Споменикот на Аксој се наоѓа на границата помеѓу Турција и Ерменија, па од таа причина се вика „Споменик на пријателството со Ерменија“.
Слично
