Претседателот Бајден имаше несреќи во семејството: Сега им кревал телефон на внуците без оглед што прави во моментот
Џо Бајден вели дека има строго правило во врска со неговиот телефон: Без оглед што се случува, тој секогаш одговара на повикот ако ѕвони некој од неговите внуци, пишува Си-ен-ен.
Бајден изјави во предизборната кампања дека поради пандемијата со внуците се гледа на видео повиоци и си пишува текстуални пораки. Сега ритуалот се преферлил во Белата куќа.
„Ниту една тема не недозволена, вели извор од Белата куќа.
Секако, не е само неговото семејство на кое му се јавува. Повикот на Бајден е одлика на неговата повеќедецениска политичка кариера во Вашингтон. И овие денови, тој редовно го зема телефонот за да повика клучни членови на Конгресот, велат соработници.
Но, сега кога тој толку длабоко се зафати со најтесниот безбедносен меур во светот и останува некако раздвижен поради пандемијата, телефонската линија на Бајден стана спас за луѓето што му носат утеха.
Бајден, повеќе од многумина, знае колку се важи семејните врски. Тој имаше лоша судбина. Ја загуби својата прва сопруга и ќеркичката во сообраќајна несреќа во 1972 година и продолжи да ги воспитува своите преживеани синови, Бо и Хантер, со неговата втора сопруга. Бо Бајден почина од рак пред шест години.
