Претресот во „Мосак Фонсека“ засега не открива докази за сомничење на компанијата
По 27-часовен претрес во канцелариите на „Mossack Fonseca“ панамските обвинители не најдоа причина за сомничење, пренесоа светските агенции.
„Во моментов немаме доволно докази за да донесеме какво било решение“, соопшти обвинителот Хавиер Каравальо.
Сепак, тој додаде дека „добиените информации ќе помогнат за изнаоѓање на индиции, врз основа на кои обвинителството може да донесе одлука подоцна.“
Обвинителот истакнал дека компанијата била помош во истрагата.
Целта на претресите беше да се откријат документи поврзани со објавените информации кои го докажуваат учеството на фирмата во нелегални активности.
Слично
