ПРЕСВРТ ВО СТАВОТ НА КИМ: Севернокорејскиот лидер готов за дијалог со Јужна Кореја
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун откри дека е "отворен за дијалог" со владата во Сеул, објави Ројтерс.
Според лидерот на Северна Кореја, "кога станува збор за односите меѓу Северна и Јужна Кореја, треба да се намали воената тензија на полуостровот за да се создаде мирна средина".
Ким Џонг Ун истакнал дека "двете страни треба да преземат чекори во оваа насока".
Сепак, водачот на Северна Кореја предупреди дека "копчето за нуклеарно оружје е секогаш на неговата работна маса" и го повика својот народ на масовно производство на нуклеарни проектили и ракети. Во предвечерието на новогодишните празници, на прашањето како ќе ги коментира зборовите на Ким Џонг Ун, американскиот претседател Доналд Трамп рече: "Ќе видиме, ќе видиме".
