Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ НА МАСОВНОТО УБИСТВО ВО ОРЛАНДО: Убиецот бил геј?

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ НА МАСОВНОТО УБИСТВО ВО ОРЛАНДО: Убиецот бил геј?

ФБИ истражува дали Омар Матин и претходно го посетувал клубот за хомосексуалци „Пулс“ во Орландо во кој во неделата направи масакар убивајќи од огнено оружје 49 лица.

Како што рекле претстaвници за  „NBC njuz“, се истражува дали Матин користел апликација за состаноци со хомосексуалци пред своето злосторство.

Корд Сидино, момчето кое го посетува клубот каде се случи масовното убиство, изјавил дека Матин се обидел да стапи во контакт со него преку  „Grindera“, апликација за хомосексуалци и бисексуални мажи.

Момчето рекло дека го „блокирал“ Матин бидејќи му изгледал „морничаво“.

Тој после масакрот во клубот го препознал Матин и рекол дека тоа не му е прв пат да влегува во клубот за хомосексуалци.

„Бил неколкупати во „Пулс“, сигурен сум во тоа.

Претставник од ФБИ наведува дека се истражуваат слични изјави на сведоци, како и тврдењата на заедницата на хомосексуалци во Орландо, во кои се споменува дека Матин во клубот е видуван и претходно.

Најмалку четири чести гости на клубот рекле дека го видувале Матин повеќе пати таму, а поединци од нив наведуваат дека понекогаш се опијанувал.

„Њујорк пост“ пренесува дека поранешната жена на убиецот Ситора Јусфи за една бразилска телевизија изјавила дека Матин имал „хомосексусални тенденции“ и дека татко му еднаш пред неа рекол дека е хомосексуалец.

Слично

Поврзани вести