Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСВРТ ВО ПАРИЗ, МАКРОН СЕПАК ГО ПРЕТЕКНА МЕЛАНШОН: Разликата 0,09 отсто!

ПРЕСВРТ ВО ПАРИЗ, МАКРОН СЕПАК ГО ПРЕТЕКНА МЕЛАНШОН: Разликата 0,09 отсто!

Коалицијата на францускиот претседател Емануел Макрон „Заедно! во првиот круг од парламентарните избори освои 25,71 отсто од гласовите, левичарската „Нова народна еколошка и социјална унија“ (Нупе) Жан-Лук Меланшон – 25,61 отсто, покажуваат податоците на француското Министерство за внатрешни работи по обработката на 100 отсто од гласаат.

Партијата на Емануел Макрон, сепак, изби на чело на резултатите од парламентарните избори во Франција, иако најпрвин, цела вечер се најавуваше дека победник е Жан-Лук Меланшон!

Лидерот на НУПЕС дури и даде изјава по тој повод во која посочува дека ова е првпат претседателското мнозинство да не победи. Меѓутоа, како што пребројувањето напредуваше, се покажа дека резултатот е во корист на претседателот. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, коалицијата на Макрон освоила 25,75 отсто, а на чело со Меланшон 25,66 отсто. Разликата во земја со 67 милиони жители е 21.442 гласа, или 0,09 отсто!

Сепак, освен симболиката, тоа не значи многу, бидејќи вториот круг од следната недела допрва доаѓа. Претходно се предвидуваше дека коалицијата „Заедно“, во која е и партијата на Макрон „Преродба“, може да смета на 255 до 295 места, а левичарскиот НУПЕС од 150 до 190, благодарение на последователните коалиции. За апсолутно мнозинство потребни се 289 пратеници.

Марин Ле Пен е на третото место со 18,68 отсто, што и дава надеж дека би можела да освои од 20 до 45 места во собранието.


Слично

Поврзани вести