ПРЕСВРТ ВО ЛОНДОН: Тој што беше најжесток противник на Меј за Брегзит сега ќе ја поддржи?
Екс министерот за надворешни работи на Британија Борис Џонсон, кој се смета за еден од најжестоките противници на планот за Брегзит на премиерката Терза Меј, се поблиску е до тоа да го поддржи тој договор, тврди Стивен Свинфорд од лондонски „Телеграф“.
Борис Џонсон е се поблизу до тоа да го поддржи планот на премиерката - напишал тој на Твитер и додал дека Џонсон тоа го наговестил „на еден настан“ пренесе Ројтерс.
Како што се наведува , Џонсон рекол дека „доколку повторно не го изгласаат, постои забележливо и растечко чувство дека воопшто нема да заминат. Тоа е ризик“.
Слично
