ПРЕСВРТ: Терористите од Париз имале пасоши од ЕУ
Ниту еден од осумте извршители на терористичките напади во Париз не бил бегалец од Блискиот исток и од Африка, туку секој имал пасош од Европската унија, пренесуваат денеска светските медиуми.
После нападите во кои се убиени 129лица се појави дека напаѓачите во Европа влегле маскирани во бегалци.
Масло на огнот долеа и сирискиот пасош пронајден кај еден од напаѓачите, но подоцна испадна дека се работи за фалсификуван документ.
Како што пренесуваат медиумите, напаѓачите не дошле од Сирија, туку се родени и пораснати во земјите на Европската унија: петорица од Франција, а тројца од Белгија.
Деветиот терорист уште не е идентификуван.
Слично
