Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСВРТ: Путин му наредил на Асад да даде оставка?

ПРЕСВРТ: Путин му наредил на Асад да даде оставка?

Русија смета дека на сирискиот претседател му дошло времето да се повлече од власта, пишува Фајненшал тајмс.

Медиумот јавува дека денеска, руски генерал отпатувал во Дамаск и побарал од Башар Ал Асад да даде оставка. Претседателот наводно, гневно го одбил барањето.

Според информациите, рускиот претседател Владимир Путин го испратил шефот на разузнавачка служба ГРУ и поранешен советски оперативец во Сирија, Игор Сергун во Дамаск за да побара повлекување на Асад до крајот на минатата година.

Од друга страна пак, Кремљ ги демантира овие информации.

Фајненшал тајмс потенцира дека досегашното коцкање на Русија во Дамаск го остави Асад уште подлабоко заглавен, а надежта за дипломатско решение на војната сѐ подалечна.

За меѓународната коалиција предводена од САД, ваквиот потег значи дека Москва би можела да ја прекине неколкугодишната пат-позиција околу заминувањето на Асад од власта, што, според Вашингтон, бил и првиот услов за смирување на тензиите во Сирија.

Истовремено, голем број експерти сметаат дека воената интервенција во Сирија, никогаш не била со намера за одржување на Асад на власт, туку да им се даде до знаење на Американците дека Русија има клучна улога во тој конфликт.

Слично

Поврзани вести