ПРЕСУДА ЗА ФАЈЗЕРГЕЈТ - ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗАГУБИ НА СУД ПО СИТЕ ТОЧКИ ОД ОБВИНЕНИЕТО! Фон дер Лајен згреши, со какви последици ќе се соочи?
Највисокиот суд на ЕУ ја поништи одлуката на Европската
комисија да му одбие на „Њујорк тајмс“ пристап до пораките разменети меѓу
претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт
Бурла, утврдувајќи дека извршната власт на ЕУ не успеала убедливо да објасни
зошто не ги поседува пораките.
„Европската комисија погреши кога одби да објави СМС-порака помеѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл, на врвот на пандемијата Ковид-19, пресуди највисокиот суд на ЕУ.
По долготраен спор меѓу ЕК и Њујорк тајмс околу транспарентноста во врска со договорите за вакцини на Фајзер против Ковид-19, Европскиот суд на правдата (ЕСП) денес пресуди дека Комисијата „не дала веродостојно објаснување што го оправдува нејзиното непоседување на бараните документи“, објави „Еуроњуз“.
Според судот, Комисијата не може едноставно да тврди дека не ги поседува бараните документи; мора да обезбеди веродостојни објаснувања што ќе им овозможат и на јавноста и на Судот да разберат зошто тие документи не можат да се најдат. Европскиот суд на правдата утврди дека „Њујорк тајмс“ доставил релевантни и конзистентни докази што укажуваат на постоење на текстуални пораки помеѓу претседателот на Комисијата и извршниот директор на „Фајзер“ во врска со набавката на вакцини против Ковид-19.
Весникот го открил постоењето на пораките во 2021 година за време на интервју со Бурла, но наишол на пречки кога побарал пристап до нив. Комисијата тврдеше дека не може да ги обезбеди пораките.
По повеќе неуспешни обиди да се добијат пораките, NYT покрена постапка пред Европскиот суд на правдата во јануари 2023 година.
Судот сега утврди дека Комисијата не разјаснила соодветно дали бараните текстуални пораки биле избришани и, доколку е така, дали бришењето било намерно или автоматско.
Пресудата ја истакнува потребата од транспарентност и одговорност во ЕУ, а одлуката би можела негативно да влијае на угледот на Урсула фон дер Лајен.
фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET