Економија, финансии, бизнис

Контакт

Престрелка во Германија, има жртви

Престрелка во Германија, има жртви
Најмалку две лица загинаа во масовнo пукање во реонот на Ансбах, јужна Германија. Во полицијата пристигнале бројни сигнали за пукање на различни локации во регионот, а  засега е потврдена смртта на двајца, пренесоа германските медиуми. Првично е соопштено за возач на "мерцедес" кабриолет, кој застрелал постара жена и избегал. Таа починала на лице место. Малку подоцна и недалеку од првото место на злосторство е застрелан и велосипедист. И во овој случај жртвата загинала пред да дојде брза помош. Според првичните информации станува збор за истиот сторител. Пукано е на уште двајца, но тие не биле повредени, покажуваат првичните податоци. Полицијата трага по возачот на "Мерцедес" -А. Тие ги повикаа сите кои го забележат, да ја информираат надлежните. Полицијата предупредува дека возачот е вооружен и го користи оружјето безмилосно. "При средба со него во никој случај не пристапувајте кон колата или возачот", предупредуваат уште од полицијата.
Слично

Поврзани вести