Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСТИЖНИОТ ХАРВАРД ГО ТРЕСЕ СКАНДАЛ, ПРОДАВАЛЕ КОЖА ОД ЛУЃЕ ЗА ХОРОР КУКЛИ: Обвинети се тројца за трговија со глави, мозоци, коски

ПРЕСТИЖНИОТ ХАРВАРД ГО ТРЕСЕ СКАНДАЛ, ПРОДАВАЛЕ КОЖА ОД ЛУЃЕ ЗА ХОРОР КУКЛИ: Обвинети се тројца за трговија со глави, мозоци, коски

Менаџерот на мртовечницата на Медицинскиот факултет во Харвард и уште три лица се обвинети за купување и продавање на украдени делови од човечко тело. Седрик Лоџ наводно ги отсранувал „главите, мозоците, кожата и коските“ од трупови донирани на Медицинскиот факултет и ги продавал преку Интернет.

Според обвинението, тој Седрик Лоџ и неговата сопруга Дениз продавале делови од тела на купувачи во Пенсилванија и Масачусетс од 2018 до 2021 година, пишува Би-Би-Си.

Обвинителите тврдат дека Лоџ ја искористил својата позиција како менаџер на „Програмата за анатомски донации“ на Медицинскиот факултет Харвард за да распарчи трупови донирани за медицински истражувања.

Студентите од Харвард практикуваат медицински процедури на донирани тела. После тоа, труповите често се кремираат, а посмртните останки им се враќаат на нивните семејства или се погребуваат на универзитетските медицински гробишта, се вели во обвинението.

„Понекогаш, Седрик Лоџ дозволувал и други да влезат во мртовечницата на Медицинскиот факултет на Харвард за да ги прегледаат труповите и да одлучат што да купат“, се вели во соопштението на американското обвинителство. Во обвинението се наведува дека меѓу купувачите биле Катрина Меклин од Салем, Масачусетс и Џошуа Тејлор од Вест Лон, Пенсилванија.

Деловите од телото ги купила сопственичкката на продавницата „Готик“.

Во октомври 2020 година, Меклин наводно купила сецирани човечки лица за 600 долари, и имала намера да им ја обработи кожата. Таа е сопственичка на Kat's Creepy Creations, продавница која е специјализирана за трансформирање на кукли во готски и хорор стилови. Засега не е познато дали користела човечки остатоци при изработката на своите креации. Во обвинението стои дека таа во продавницата складирала и продавала делови од човечки тела.

Џошуа Тејлор, пак, наводно, извршил 39 уплати на сметката на администраторот на мртовечницата во период од четири години за да купи човечки останки, во вкупна вредност од повеќе од 37.000 долари. Обвинението вклучува мрачна референца на меморандум на PayPal за купување во износ од 1.000 американски долари (790 фунти) на кој наводно пишувало „глава број 7“.

„Некои злосторства му пркосат на разбирањето“, рече американскиот обвинител Џерард М. Карам во изјавата. „Кражбата и трговијата со останки ја погодуваат суштината на она што не прави луѓе.

И Седрик и Дениз Лоџ одбија да одговорат на прашањата на новинарите откако првично се појавија во федералниот суд во Њу Хемпшир во средата.

Сите четворица се обвинети за заговор и меѓудржавен транспорт на украдена стока. Доколку бидат прогласени за виновни, секој од нив се соочува со затворска казна до 15 години.

ФОТО: Harvard/Unsplash

ФОТО: FB/Kat's Creepy Creations

Слично

Поврзани вести