Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕСТАНЕТЕ ДА НОСИТЕ ВРАТОВРСКИ, ТАКА ЌЕ ЗАШТЕДИМЕ ЕНЕРГИЈА - шпанскиот премиер Санчез до вработените во приватниот и јавниот сектор

ПРЕСТАНЕТЕ ДА НОСИТЕ ВРАТОВРСКИ, ТАКА ЌЕ ЗАШТЕДИМЕ ЕНЕРГИЈА - шпанскиот премиер Санчез до вработените во приватниот и јавниот сектор

Премиерот на Шпанија Педро Санчез побара од вработените во јавниот и приватниот сектор да престанат да носат вратоврски, како мерка за заштеда на енергија за време на екстремните горештини.

По војната во Украина, европските земји се обидуваат да станат помалку зависни од рускиот гас. Санчез рече дека неговата влада во понеделник ќе донесе итни мерки за заштеда на енергија, пишува Би-би-си.

„Ова значи дека сите можеме да заштедиме енергија“

Во последните неколку недели Европа доживеа рекордно високи температури. Вчера во Мадрид беа измерени 36 степени Целзиусови, а во Севиља 39. Санчез на прес-конференцијата во Мадрид истакна дека не носи вратоврска и рече дека сака неговите министри, јавни функционери и вработени во приватниот сектор да прават исто.

„Ова значи дека сите можеме да заштедиме енергија“, рече тој.

Премиерот објасни дека на луѓето без вратоврска ќе им биде помалку жешко и дека со тоа ќе се намалат трошоците за енергија бидејќи клима уредите ќе се користат поретко.

Шпанија не е првата земја што направила ваков чекор. Во 2011 година, Јапонија имаше кампања Super Cool Biz со која ги охрабруваше канцелариските работници да носат облека што повеќе дише во текот на летото. За време на високите температури во Велика Британија, на политичарите им беше кажано дека можат да ги соблечат јакните додека се во Долниот дом.

Повеќе од 500 мртви за време на топлотните бранови во Шпанија

Поради екстремно високите температури во текот на изминатите неколку недели, владите ширум светот почнаа да размислуваат за потрошувачката на енергија, од перспектива на заштита на животната средина и заштеда на трошоци. Топлотните бранови станаа почести, поинтензивни и подолготрајни поради климатските промени предизвикани од човековата активност.

За време на неодамнешните топлотни бранови во Шпанија, во последните две недели се регистрирани повеќе од 500 смртни случаи поврзани со горештините.

Слично

Поврзани вести