Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пресретната ракета над Ријад - кој ја истрела?

Пресретната ракета над Ријад - кој ја истрела?

Саудиска Арабија пресретнала балистичка ракета над главниот град Ријад. 

Жителите на Кралството објавија фотографии на социјалните мрежи на облаци од чад што се издигаа над градот. 

Хути бунтовниците тврдат дека целта била кралската палата Ал-Јамама. Нема податоци за жртви или предизвикани материјални штети.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против шиитските Хути бунтовници во Јемен соопштува дека денеска проектилот бил пресретнат над Ријад, а на видеа објавени на социјалните мрежи се гледа облак од чад на небото.

Бунтовниците Хути соопштуваат дека истрелале балистички проектил целејќи кон палатата Јамама. Нивната телевизиска мрежа Ал Масира известува дека целта била голем собир на саудиски лидери.

Ова е втор ракетен напад од Хутите, кој се случува во текот на изминатите неколку недели. Според „Ал Арабија”, ракетата е уништена пред да ја погоди цивилната област со станбени објекти. Саудиска Арабија го обвини Иран за вооружување на бунтовниците со проектили со долг дострел – Техеран ова го негира.

Слично

Поврзани вести