Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преработувачкото производство во Британија ја стартуваше годината со пад

Преработувачкото производство во Британија ја стартуваше годината со пад
Активноста на преработувачкиот сектор во Велика Британија е намалена во јануари за 1,5 отсто во однос на декември, што е уште еден удар за надежите дека земјата ќе избегне нова рецесија. Поширокото индустриско производство, кое опфаќа производство на електрична енергија и гас, производство во рудниците и снабдување со вода, е намалено за 1,2 отсто во јануари во однос на нивото од претходниот месец. Аналитичарите кои учествуваа во анкетата на агенцијата „Дау Џонс Њусвајерс“ очекуваа дека производството во преработувачкиот и индустрискиот сектор во јануари да порасне за по 0,1 отсто на месечно ниво.
Слично

Поврзани вести