Економија, финансии, бизнис

Контакт

Препукување помеѓу Маск и Зеленски на Твитер: Сопственикот на Тесла го прозва претседателот на Украина, тој веднаш одговори!

Препукување  помеѓу Маск и Зеленски на Твитер: Сопственикот на Тесла го прозва претседателот на Украина, тој веднаш одговори!

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск го повика претседателот на Украина Володимир Зеленски да избегне голема закана за целиот свет поради конфликтот со Русија

Откако Макс на Твитер објави дека се сомнева во можноста Украина да победи во случај на сеопфатна војна со Русија и го предложи својот став за решавање на конфликтот, што предизвика остри реакции и огорченост од украинската страна, како одговор Зеленски објави анкета меѓу корисниците на Твитер со прашање кој Илон Маск повеќе им се допаѓа - „оној што ја поддржува Украина или Русија“.


„Сè уште ја поддржувам Украина, но сигурен сум дека масовната ескалација на војната ќе предизвика голема штета на Украина, а можеби и на целиот свет“, напиша Маск во коментарот на објавата на Зеленски.


Ставот на извршниот директор на Spacex, мултимилијардерот Илон Маск, за да се реши војната меѓу Русија и Украина, предизвика бурни реакции на Твитер, а на најавите на Маск реагираше и претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Маск изјави дека е неопходно да се повторат изборите во регионите кои се изјаснија за приклучување кон Русија, под надзор на Обединетите нации, па ако народот изрази волја Русија да си замине, така нека биде.

Крим, како што напиша, формално останува дел од Русија, како што беше од 1783 година, односно до, како што смета Маск, „грешката на Никита Хрушчов“.

Тогаш, како што изјави, „водоснабдувањето на Крим е обезбедено, а Украина останува неутрална“.


За помалку од два часа, Маск доби повеќе од милион одговори, а мнозинството не се согласува со неговото мислење за можниот исход. Маск ги обвини ботовите за таквиот резултат од гласањето.


Фото: Youtube - screenshoot - колаж

Слично

Поврзани вести