ПРЕНОСОТ ВО ЖИВО ПРЕКИНАТ ОД ЕКСПЛОЗИЈА - Проектил експлодира во близина на француски новинар (ВИДЕО)
За време на известувањето на францускиот новинар Пол Гасние во живо на програмата на француската телевизија од украинскиот град Краматорск, проектил експлодирал на само неколку десетици метри од репортерскиот тим.
Експлозијата се случила ноќта на 2 јануари додека новинарите во живо ги пренесувале последиците од најновите бомбашки напади што Русија ги изврши врз градови низ Украина, пренесува „Дневник.хр“.
Застрашувачката експлозија го натерала новинарот и неговите колеги да побегнат, но за среќа нема загинати или повредени.
A missile exploded a few dozen meters from a #French journalist who was in #Kramatorsk.
— NEXTA (@nexta_tv) January 2, 2023
Video: TMC pic.twitter.com/A4Z9Uy38Ge
Сите присутни во студиото во Франција биле шокирани, дури и новинарите останале збунети од ситуацијата, а подоцна успеале да искоментираат што се случило.
- Не изненади. Секогаш се слушаат експлозии, но никогаш не ни се случило нешто слично – изјави новинарот.

Лизгалиштето во градот Дружкивка, во близина на Краматорск во областа Доњецк, е уништено во ракетен напад на руските војници во источна Украина, соопшти Украинската хокеарска федерација. Претходно беше соопштено дека проектилот го погодил градот и ранил две лица, пренесува Ројтерс.
Фото: Принтскрин/Твитер
