Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМОЛЧЕНО: Америка се подготвува за војна со Русија

ПРЕМОЛЧЕНО: Америка се подготвува за војна со Русија
Соединетите Американски држави се во своевидна подготовка за војна со Русија и во тек е распоредување на американски воени лица во Украина, се одржуваат воени подготовки и се врши продажба на воени системи, предупредува Мајкл Чосудовски за „Global research“. Тој тврди дека во моментов започната е поддршка на украинската Национална гарда со калифорниско – украинската државна програма , чија цел, како што официјално се тврди е да „промовира демократија, слободна пазарна економија и воени реформи“. Во пракса, меѓутоа, тоа е искористено за канализирање поддршка, по пат на воени советници за батаљоните на украинската Национална гарда во Донбас“, вели Чосудовски. Платениците и „приватно – безбедносните оперативци“ на договор со Пентагон и НАТО веќе се распоредени во полињата на делување на украинската војска и Националната гарда во регионот Донбас во Источна Украина. „Стејт департментот потврди дека ќе продолжи со испраќање „специјални тимови“ во Украина за „советување и воена обука“. Канцеларијата за одбрамбена соработка(КОС), која работи за Американската амбасада во Киев, соработува со украинското министерство за одбрана со цел давање воена опрема, обука и модернизација на украинската војска. Американскиот амбасадор, Џефри Пјат, во соработка со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, игра клучна улога во координацијата на активностите помеѓу  КОС и Украина. Воените закани, во комбинација со „економската војна“ имаат за цел да создадат социјална и економска нестабилност во Руската Федерација. „Воените вежби на САД и НАТО , кои се одвиваа изминатите месеци во Источна Европа и балтичките држави беа експлицитно насочени против Русија“, наведува Часудовски, кој е чест соработник на „Global research“. special Претседателот на САД, Барак Обама, на 18 декември потпиша акт на Поддршка на украинската независност, која предвидува испорака на воена помош од 350 милиони долари со цел да ја поддржи воената кампања на Киев во Донбас. Кон средината на декември генералот Џејмс Ставридис, поранешен командант на НАТО во Европа ја повика Атлантската алијанса да „испрати оружје и воени советници во Украина и да и помогне да се бори против сепаратистите кои имаат поддршка од Русија“. „Не треба да се ограничуваме само на не – смртоносна помош. Би требало да испратиме муниција, гориво, логистика., Сметам дека сајбер поддршката би била многу значајна и корисна, како и потенцијални советници“, рекол Ставридис, ренесува „Gardian“. Распоредувањето на американски воени лица во Украина  се одвива под т.н. „Заедничка контакт – тим програма во Украина“. „Нејзината улога е да распореди американски воени тимови во Украина и да и приближи на украинската војска различни аспекти на западните армии“, наведува Чосудовски. Тој открива и дека еден дел украински воени лица испратен е во САД каде посетува специјална обука.    
Слично

Поврзани вести