Премногу демократија не чини? Тунис стана најголем извозник на џихадисти!
Тунис, колевката на „Арапската пролет“, каде што се започна во 2011 година, со уривање на режимот на долгогодишниот диктатор Зине ел-Абидин Бен Али, сега стана најголем извор на џихадисти за Исламската држава.
Малата северноафриканска држава, со околу 11 милиони жители, секојдневно испраќа милитанти кои им се приклучуваат на радикалните сили во борбите на Блискиот Исток, проценуваат аналитичарите.
До 2011 година, односно до „арапската пролет“, во Тунис жените не смееја во јавноста да ги носат традиционалните муслимански прекривки на главата. Сега половина носат, а половина - не.
По уривањето на Бен Али од власт, исламистичките радикали брзо ја искористиле новонастанатата слобода , убиле двајца политичари и најмалку 25 полицајци и војници, а слободните џамии ги искористиле за поттикнување на радикалните ставови кои сега претставуваат мост со Исламската држава.
Околу 3.000 жители на Тунис, повеќето од нив мажи помлади од 30 години, им се придружиле до сега на борбите на Блискиот Исток и на тој начин ги надминаа Саудиска Арабија и Јордан на списокот на земји од кои доаѓаат најмногу странски џихадисти во Ирак и Сирија.
„Им дадовме многу кислород и сега се задушуваме во тој кислород“, заклучува Лофти Бен Жеду, министер за внатрешни работи и шеф на службата за безбдност на Тунис.
Слично
