Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преминување на граница и гранатирање - прекршен мирот меѓу Азербејџан и Ерменија

Преминување на граница и гранатирање - прекршен мирот меѓу Азербејџан и Ерменија

Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за нови провокации. 

Азербејџанските војници опколија четири позиции на ерменската армија на истокот од земјата, објави денеска Советот за безбедност на Ерменија. По преговорите, вооружените сили се повлекоа.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан демантираше дека нивните војници ја преминале границата. Министерството за одбрана во  Баку ја обвини Ерменија за гранатирање позиции во регионот Варденис.

Тврдењата на двете страни не можеа независно да се проверат, јави ДПА. 

Војната за  регионot Нагорно-Карабах траеше од 27 септември до 9 ноември  лани. Во конфликтот загинаа повеќе од 6.500 луѓе. Русија со свои војници ќе го гарантира мирот во регионот во следните пет години. 

Слично

Поврзани вести