Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот на Словачка вели дека ако Украина доживее пораз, неговата земја е следна

Премиерот на Словачка вели дека ако Украина доживее пораз, неговата земја е следна

Властите во Словачка стравуваат од Русија. 

Словачкиот премиер Едуард Хегер испрати силно предупредување за иднината на неговата земја во случај Русија да ја победи Украина. Хегер вели дека ако Украина падне, Словачка е следната.  Рече дека Украина мора да победи. 

Премиерот ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на руската енергија и ги повика европските лидери да „престанат да ги компромитираат“ нивните принципи. 

„Предолго ги продаваме нашите вредности за евтин гас и нафта. Компромисите со Путин предизвикаа војна во Украина. Зборуваме за агресивна војна во која луѓето масовно гинат. Украинците ја пролеваат својата крв за нашите вредности, за ние да не мораме“, рече Хегер пренесе „Си-ен-ен“.

Претходно и Полска упати слични поради и повика светот да ја запре Русија. Страв дека Русија може да нападне имаше и во Молдавија. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на присутните на Светскиот економски форум во Давос.

„Украина ќе се бори додека не ја врати целата своја територија“, им рече Зеленски.

Тој, исто така, го осуди недостигот на единство на западните земји кога станува збор за војната во Украина.

Слично

Поврзани вести