Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот на Молдавија ја поднесе својата оставка

Премиерот на Молдавија ја поднесе својата оставка

Премиерот на Молдавија Кирил Габурич изјавил дека ја поднел својата оставка. Неколку дена претходно тој јавно ги повикал да си поднесат оставки и јавниот обвинител и гувернерот на централната банка поради исчезнувањето на 1 милијарда долари од три банки.

38-годишниот бизнисмен кој го презеде управувањето на земјата во февруари оваа година Габурич ја предводи малцинската влада, поддржана од две проевропски партии.

„Јас не сум политичар, јас сум менаџер. Земјата мора да го промени својот политички систем“, изјавил Габурич пред новинарите.

Молдавија е во политичка криза во последниве неколку месеци, откако беше јасно дека од три банки има недостаток од околу 1 милијарда долари - сума еднаква на околу една осмина од бруто домашниот производ на земјата.

Минатиот викенд Габурич повикал оставки да си дадат и голем број лица, вклучително и јавниот обвинител и гувернерот на централната банка, поради тоа што не успеале дa ја откријат шемата.

Габурич ги обвини молдавските политичари дека го оставиле да се справи сам со финансиските проблеми на земјата. Тој тврди дека без договор со ММФ банкротот на Молдавија е неизбежен. Само дека ММФ се обврзува за постигнувањето на договор со следнте услови: да биде разплетен случајот со трите банки, вмешани во скандалот - „Banca de Economii“, „Banca Sociala“ и „Unibank“.

По острите критики на премиерот обвинителството соопшти дека започнува истрага против него под сомневање дека ја фалсификувал дипломата за средно образование.

Слично

Поврзани вести