Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот на Луксембург заврши во болница поради Ковид-19

Премиерот на Луксембург заврши во болница поради Ковид-19

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел,денеска претпладне бил примен во болница поради компликации од Ковид-19, пренесува „Гардијан“.

Бетел на 27 јуни беше тестиран за ковид-19 и притоа било утврдено дека е позитивен на вирусот. Тогаш беше наведено дека има само благи симптоми и дека ќе биде во самоизолација десет дена.

Направени му се дополнителни тестови и анализи, а ќе остане под медицински надзор 24 часа, поради претпазливост.  

Инаку 48-годишниот политичар сам се тестирал, по што позитивниот тест е потврден и со ПЦР тест.


Слично

Поврзани вести