Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот на Италија формално поднесе оставка

Премиерот на Италија формално поднесе оставка

Премиерот на Италија, Матео Ренци формално ја поднесе својата оставка на претседателот на земјата, Серџо Матарела, пренесува Ројтерс.

Матарела побара Ренци да остане дел од службениот кабинет додека течат консултациите со политичките партии за понатамошните чекори, дополнува новинската агенција. 

Консултациите се предвидува да започнат во четврток во 17 часот и ќе продолжат до саботата доцна попладне.

По консултациите се очекува Серџо Матарела да покани член на кабинетот на Ренци или политичар од владејачката Демократска партија да се обиде да состави нова влада.

Во принцип избори во Италија треба да се одржат во 2018 година.  Некои политичари сепак повикуваат на предвремени избори, наведува агенцијата.

Матео Ренци поднесе оставка поради поразот, кој го претрпе на референдумот за уставни реформи.


Слично

Поврзани вести