Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот на Исланд не сака во ЕУ

Премиерот на Исланд не сака во ЕУ
Премиерот на Исланд, Сигмунтур Тавид Конлохсон, очекува Исланд да ја повлече кандидатурата за членство во ЕУ, соопштиле локалните медиуми, пренесува рускиот портал  „Спутник“. „Учеството во преговорите со ЕУ повеќе не е валидно, како поради промените во ЕУ така и поради тоа што тие не се во согласност со политиките на владата која не сака да прифати се она што претходната влада била подготвена да прифати“, рекол Кунлохсон. Владата на Исланд треба да го преземе вториот обид да ја повлече кандидатурата за членство во ЕУ, наведува рускиот портал. Исланд поднесе барање за кандидатура во 2009 година и наредната година почна со пристапните преговори, но новата влада составена од членови на десниот центар, избрана по изборите во 2013 година, најавила дека ќе ги суспендира преговорите и го распушти преговарачкиот тим. Шефот на дипломатијата, Гунар Браги Свеинсон, рекол дека „процесот е суспендиран но дека се уште не е ставен крај“. Владеачката коалиција во февруари минатата година одлучи да ја повлече кандидатурата без повикување на референдум по однос на ова прашање и поднела предлог закон до парламентот, кој треба да го одобри овој потег. Ваквата одлука предизвикала протести на кои излегоа илјадници Исландѓани, од кои , според резултатите на анкетите спроведени во тој периот, дури 72 отсто се изјасниле дека сакаат за ова прашање да се одлучува на референдум. Истата анкета покажала дека, наспроти барањето за одржување референдум, 47 отсто од испитаниците не сакаат членство во ЕУ, додека 37 отсто биле за зачленување во унијата.  
Слично

Поврзани вести