Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕМИЕРОТ НА ГРЕНЛАНД: Трамп е непредвидлив

ПРЕМИЕРОТ НА ГРЕНЛАНД: Трамп е непредвидлив

Премиерот на Гренланд, Муте Егеде во интервју за данската телевизија DR, емитувано денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е непредвидлив и тоа ги загрижува граѓаните, пренесоа  медиумите.

Вели дека светскиот поредок е разнишан на многу фронтови.

Тој нагласи дека стабилна стратегија за независност е клучна по изборите, со фокус на економска диверзификација, особено во туризмот, рударството и зелената енергија.

Трамп вели дека се спремни да вложат милијарди, да отворат работни места и да помогнат на луѓето на Гренланд. Тој откако дојде на власт зборува за спојување на Гренланд со САД. 

Слично

Поврзани вести