Премиерот на Франција: Бурките се некомпатибилни со вредностите на Франција
Премиерот на Франција, Мануел Валс интервенира во јавната дебата, отфрлајќи го носењето на бурка како некомпатибилно со вредностите на Франција и Републиката, и рече дека ги поддржува градоначалниците кои ги забрануваат.
Три француски одморалишта се на пат да се приклучат на првите три крајбрежни градови кои веќе ја донесоа забраната за носење на буркина, која предизвика стравувања од религиозен екстремизам.
На југозапад градоначалникот на одморалиштето Локе, како што беше соопштено, ќе потпише декрет, со кој ќе забрани буркини на јавни места.
На север слични намери најавија и властите во Уа-Плажа, департментот Па-де-Кале, како и во блиското луксузно одморалиште Ле Туке.
Претходно Кан и Вилнев-Лобе, и одмаралиште на Корзика ги забранија буркините.
