Премиерот на Франција поднесе оставка
Премиерот на Франција Мануел Валс му поднесе оставка на претседателот Франсоа Оланд поради несогласувања околу економската политика, кој веднаш од него побарал да формираат нова влада соопшти Елисејската палата.
„Шефот на државата го замолил да формира нов тим во согласност со насоките кои тој (Валс) порано ги поставил за нашата земја“ се наведува во краткото соопштение на председништвото на Франција.
Составот на новата влада ќе биде соопштен во вторник.
Валс на крајот на март е именуван за премиер, бидејќи претходната влада на Жан-Марк Еро поднесе оставка поради поразот на социјалистите на локалните избори, во корист на опозиционата десница и екстремно десничарска партија Национален фронт.
Слично
