Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот на Ерменија објасни зошто прифатија примирје

Премиерот на Ерменија објасни зошто прифатија примирје

Ерменскиот премиер Никола Пашинјан објасни дека Ерменија беше принудена да го потпише договорот за прекин на војната во регионот Нагорно Карабах за да избегне воен пораз. 

Договорот овозможил зачувување на престолнината Степанакерт и уште два града.

„Со тој документ беше пружено она што, според воените и другите проценки, не би можеле да го зачуваме. Во ситуација кога престолнината на Карабах, Степанакерт остана без одбрана, при продолжување на воените дејства, постоеше голема можност за губење на Степанакерт, Мартуни и Аскеран. Потоа, илјадници наши војници можеа да бидат опколени, односно ќе дојдеше до колапс. Токму земајќи ги предвид тие проценки беше донесена одлуката да се потпише договорот“, кажа Пашинјан.

Тој додаде дека Генералштабот на оружените сили на Ерменија известувал за проблеми со ресурсите, а и политичкото раководство го делело тоа мислење.

За време на борбените дејства се преземени два обиди да се врати окупираниот град Шуша, вториот по големина во Карабах.

Пашинјан вчера изјави дека ситуацијата би била подобра доколку Ереван пред една година се согласил на Азербејџан да му врати пет региони околу Карабах, но дека никој, вклучувајќи го и него, не го сметал тоа за добро решение.

Претседателот на Нагорно-Карабах, Араик Арутјунјан ги повикал граѓаните да не бараат предавник поради примирјето во таа област.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, денеска изјави дека завршила војната во Нагорно-Карабах, со победа на неговата земја.

Ерменците не беа задоволни од епилогот, и се бунтуваа откако беше потпишан договорот. 

фото EPA-EFE

Слично

Поврзани вести