Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерот на Ерменија го нуди својот син за размена на сите затвореници кои се во Азарбејџан

Премиерот на Ерменија го нуди својот син  за размена на сите затвореници кои се во Азарбејџан

Ерменскиот премиер Никола Пашинјан го нуди синот Ашот за размена на сите затвореници. Неговиот син се согласува да биде разменет. 

Тој денеска им порача на своите приврзаници во градот Арапан дека е подготвен да го понуди својот син во замена за ерменските заробеници во Азербејџан.

„Официјално му кажав на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев дека предлагам да го предадам мојот син во замена за сите ерменски заробеници“, рече Пашинјан. 

Тој ги повика своите политички противници на претстојните избори да го сторат истото. 

Претходно, поранешниот ерменски претседател Серж Саркисјан, ја критикуваше изјавата на премиерот кој кажа дека „размената на затвореници може да почека еден месец или два“. Меѓу двете земји неодамна имаше војна која заврши со примирје во кое посредуваше Русија. Воедно, Русија следните години ќе го гарантира мирот во регионот Нагорно Карабак. Но, откако војната заврши имаше неколку инциденти. Ерменците се жалеа и бараа помош од меѓународната заедница. 

Откако беше јасно дека ќе ја изгубат војната и мораат да прифатат договор, Ерменците ги откопаа своите предци од гробовите, и ги запалија куќите, по што се повлекоа од Нагорно Карабак. 

Слично

Поврзани вести