Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиерите на Русија и Украина го решаваат спорот за увоз на гас

Премиерите на Русија и Украина го решаваат спорот за увоз на гас
Премиерите на Русија и Украина, Дмитриј Медведев и Николај Азаров, на средбата во Сочи како главна тема за разговор ја имаат соработката меѓу двете земји и индустријата со гасот(плинот). Средбата како што јави новинската агенција Итар Тасс, се одржува зад затворени врати, но најавено е дека се начнале и други важни прашања во трговијата и економските односи меѓу двете земји. Вредноста на руско - украинскиот трговија минатата година падна за околу 11 проценти споредено со лани, а Радиото „Гласот на Русија“ објави дека ова се должи на фактот што Киев, спротивно на претходниот потпишаниот договор, минатата година драстично го намали обемот за набавка на плин од Русија. Украина  всушност минатата година го намали увозот на руски природен гас за околу 25 проценти, а оваа година има најави за големо намалување на увозот на околу 18 милијарди кубни метри, што е двапати помалку од 2012-та. Русија, сепак, упорно бара Украина строго се придржува до претходно потпишаниот договорот за гас меѓу двете земји, што Киев го одбива со образложение дека тоа е „дискриминаторски договор." Москва и Киев моментално пред меѓународниот арбитражен суд во Стокхолм водат спор за гасот, а украински владини претставници тврдат дека нивната земја има „големи шанси" да ја добие тужбата, додека руските официјални лица веруваат дека „правото е на нивна страна."  
Слично

Поврзани вести