Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиер на европска земја не доаѓа на самит за да не се фотографира со Хашим Тачи

Премиер на европска земја не доаѓа на самит за да не се фотографира со Хашим Тачи

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој нема да присуствува на самитот на Европската унија и Западен Балкан следниот месец, објави  шпанскиот весник „Ел Паис“.

Рахој не планира да оди на тој самит затоа што не сака да се фотографира со косовскиот претседател, Хашим Тачи бидејќи лидерите на сепаратистите во Каталонија тоа може да го искористат како аргуметн во корист на независноста на таа шпанска покраина.

Се верува  дека претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск ќе има средба со Рахој, на која ќе се обиде да го наговори да присуствува на самитот.

Веста за одлуката на шпанскиот премиер да не учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан ја пренесе и турскиот дневник на англиски јазик „Туркиш телеграф“.

Шпанските власти и претходно се изјасниле дека за нив Косово е „лажна држава“ и дека не сакаат таа да влезе во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести