ПРЕМИЕР, А НЕ ПРЕМИЕРКА: Мелони сака да и се обраќаат со машка титула
Италијанската премиерка Џорџа Мелони сака
официјално да и се обраќаат со машка титула.
Мелони, која стана првата жена на оваа функција викендов, изјави дека сака да ја користи титулата премиер, а не премиерка во официјалните комуникации.
Овој потег предизвика критики, особено од левичарските кругови. Некои истакнаа дека нејзината крајнодесничарска партија, Браќата од Италија, исто така има родово неурамнотежено име.
Владата на Мелони е окарактеризирана како најдесничарската досега во Италија од Втората светска војна.
Слично
