Прелиминарни резултати од експертизата: Заур Дадаев го застрелал Немцов
Непосреден извршител на убиството на опозицискиот руски политичар Борис Немцов според прелиминарните податоци е Заур Дадаев, поранешен заменик-командант на чеченскиот баталјон "Север" пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на анонимен извор од надлежните институции.
„Податоците од експертизата добиени од надлежните органи, даваат основа да се смета дека Дадаев е човекот кој пукал во Немцов“, вели изворот. И појаснува дека тоа ќе е „сигурно 100%, кога ќе биде најдено оружјето од кое е пукано“.
Една од верзиите гласи дека мотив за убиството на Немцов "биле неговите остри изјави на адреса на исламот.
Паралелно со тоа се фиксни и странските врски на осомничените за убиството, затоа се работи и активно во верзијата за странска трага“, додава изворот на „Интерфакс“.
