Преку глава им е: „Туристи, ве молиме, не доаѓајте“!
Градот Париз е и понатаму најпосетен град во ЕВропа и него го посетуваат околу 40 милиони туристи годишно. Но Пазриз е голем: широкото подрачје на градот брои околу 12 милиони жители, така да вистинскиот Парижанец реагира и во широкиот криг ги заобиколува местата во својот град каде знае дека врие од туристи.
Но еден од 1,6 милиони жители на Барселона нема шанси да ја избегне блиската средба со околу 8 милиони посетители на тој град, а уште помалку шанси има еден од околу 550 илјади жители на Лисабон - посебно од кога главниот град Лисабон и меѓу младите стана „ин“ место кое секако треба да се посети.
DW ги донесеува приказните од неколку европски градови на кои туристите им се навистина „преку глава“.
Барселона
Веќе со години на жителите на главниот град на шпанската покраина Каталонија им изгледа дека напливот на туристи во нивниот град секоја година станува се поголема , особено во стариот дел на градот и во околните подрачја. Веќе минатата година таа поплава на посетители предизвика повеќе просветни собири на граѓаните на кварталот Барцелонета, некогаш традиционалиот работнички „кварт“ каде живееле и рибарите.
Но денес во тој сликовит квартал практично секој ден се побројни се испадите на пијани туристи, а проблем се и жителите кои илегално нудат сместување. Факт е дека туризмот го сочинуваат дури 12% од локалното населени, но неодамнешни истражувања покажуваат како повеќето граѓани на Барселона напливот на туристи го сметаат како „најголем проблем“ на тој град.
Ада Колау, новата градоначалничка на Барселона одлучила да го ограничи бројот на туристи во тој град. Привремено го укинала издавањето на корисни дозволи за нови хотели, хостели и приватни сместувања.
Лисабон Главниот град на Португалија стана еден од главните одредишта за таканаречени „урбани туристи“. Освои неколку меѓународни награди за туристички организации и бележи највисока стапка на пораст на туристи во цела Европа. На тој начин и нови хотели се појавуваат секаде во градот, баш како што вртоглаво расте и бројот на апартмани и приватни сместувачки капацитети. „Лисабон во моментов е во мода, но за луѓето кои навистина и живеат овде тоа е бегативен тренд“, објаснува Луис Паисан. Тој сега е на чело на Здружението на станари на древниот лисабонски квартал Баиро Алто и објаснува: „"Историскиот дел од градот е едноставно премногу мал за да се приспособи оваа маса на туристи." Венеција Тоа е секако град во кој жителите веќе со векови се борат против напливот на туристи, макар изгледа дека Венецијанците едвај имаат шанси во таа битка. Некогаш тоа бил жив град, преполн со граѓани кои одлучно се снаоѓале по неговите канали , но се повеќе се претвора во своевиден италијански Дизниленд во кој всушност живеат се помалку жители. Се покрена голема прашина кога се слушна како во Венеција сакаат да ги забранат патните торби и ковчези. Додуша се тоа се покажало дури како гласини, но постојат и многу сериозни иницијативи како да се запре реката туристи и да се создаде концепт на одговорен туризам во тој град.