Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прекрасен божиќен подарок за Украина, oбјави Зеленски

Прекрасен божиќен подарок за Украина, oбјави Зеленски

Прекрасен божиќен подарок за Украина, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер на 6 јануари.

САД вчера објавија воена помош од 3 милијарди долари за Украина.

„За првпат ќе добиеме оклопни возила Бредли, тоа е токму она што е потребно. Нови оружја и муниција, вклучувајќи и високопрецизни, нови ракети, нови беспилотни летала. Тоа е навремено и силно“, рече Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин повика на 36-часовен прекин на огнот, а Зеленски и други западни претставници оценија дека се работи за трик на Кремљ за да купи време и да си ја подобри позицијата на бојното поле.

Од почетокот на руската инвазија, Украина прими милијарди евра помош од своите сојузници. 

Слично

Поврзани вести