Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прекин на огнот во Газа, преговори во Париз

Прекин на огнот во Газа, преговори во Париз

Дванаесетчасовниот хуманитарен прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас во појасот Газа стапи на сила во седум часот, после 19 дена судири во кои загина повеќе стотици луѓе. Во Париз почна состанокот на шефовите на дипломатиите од повеќе земји во настојување со дипломатски напори да се дојде до трајно помирување.

Израел и исламистичкото движење Хамас, кое управува со појасот Газа, рекоа дека ќе го почитуваат привремениот прекин на огнот, бидејќи американскиот државен секретар Џон Кери на вчерашните разговори во Каиро не успеал да постигне трајно помирување, наведува АФП, пренесува Танјуг.

Во часовите пред стапување на сила на примирјето во израелските воздушни напади загинаа 23 лица меѓу кои четири деца и еден работник на итната помош, соопштуваат лекарски служби од Газа.

Во судирот, кој почна на 8 јули, кога Израел тргна во офанзива да го запре ракетирањето на израелската територија од Газа и ги уништи тунелите на Хамас, загинаа 967 Палаестинци, воглавно цивили, како и 39 Израелци, меѓу кои се војници и двајца цивили.

Краткотрајното помирување е воспоставено откако Израел го отфрли трајното примирје кое го предложи Кери.

Кери вчера во Каиро изјави дека Израел и Хамас треба да усогласат „уште некоја терминологија“ која се однесува на прекинување на огнот, додавајќи дека „направиле рамковен доковор“ за примирје.

Според овој предлог, кога настапи хуманитарно примирје, делегации на Израел и Хамас би требало да стигнат во Каиро, кој посредуваше во раните судири помеѓу Израелците и Палестинците, на индиректни разговори кои би можеле да резултираат со трајна спогодба.

Слично

Поврзани вести